Саудиска Арабија денеска се подготвува, во еден ден, да погуби 52-ца осуденици, од кои најголем број, како што пишуваат локалните медиуми, се терористи.
Но Амнести Интернешенал предупреди дека меѓу нив се наоѓаат и припадници на шиитско малцинство, осудени во „неправедни процеси“.
Како што објавува Би би си, вкупно 55 лица чекаат на извршување на смртна казна, од кои 52- ца ќе бидат погубени денеска. Според тамошните медиуми, станува збор за „терористи на Ал Каеда“ обвинети за вооружени напади, како и за осуденици од шиитската организација од Авамија, подрачје важно за саудиската нафтена индустрија, и кои се осудени за бунт и напади против безбедносните сили.
– Очигледно дека саудиските власти го користат тероризмот како изговор за да решаваат други политички проблеми, велат од Амнести Интернешенал, додавајќи дека тројца од осудените се товарат за дела што ги сториле како малолетници и биле подложени на тортура за да го признаат тоа.




