Во експлозија на складиште за оружје на југоистокот во Турција што се случи денеска загинаа четири војници и 20 се повредени, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата во провинцијата Хакари се повредени 25 луѓе.
Експлозијата се случила за време на користење тешко оружје во воена база во регионот Семдинли што се наоѓа во близина на границата со Иран и Ирак.