Published: Saturday, January 3, 2026 12:51
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез објави на социјалните мрежи дека неговата земја го осудува „криминалниот напад од страна на САД“ врз Венецуела и повика на итна осуда од страна на меѓународната заедница за она што го опиша како „државен тероризам против храбриот венецуелски народ и против Наша Америка“.
Претседателот на соседна Колумбија Густаво Петро побра итен состанок на Советот за безбедност на ОН и „осуда на американската агресија“.
Тие моментално го бомбардираат Каракас … го гаѓаат со ракети. Колумбија е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и мора веднаш да се свика итен состанок. Да се утврди меѓународната легалност на агресијата против Венецуела, напиша Густаво Петро на X.




