Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукан за НОВА: ИПА ја изгубивте поради злоупотреба на фондовите

2
By Борјан Јовановски on July 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2016 13:10

Европратеникот од Европската народна партија и поранешен шеф на словачката дипломатија кој беше вклучен и како посредник во разрешување на политичката криза во Македонија, Едуард Кукан, во интервју за НОВА зборува за мандатот на словачкото претседателство, процесот на проширувањето по референдумот во Велика Британија и кризата во Македонија. Во интервјуто за НОВА,  на прашањата за неговата последна средба со Груевски во ЕП, како и за иднината на лидерството во ВМРО ДПМНЕ како сестринска партија на ЕПП, Кукан одби да даде било какво коментар.

НОВА: Кој е планот во однос на проширувањето за време на претседавањето на Словачка?

Кукан: Драго ми е што проширувањето е вметнато во агендата како приоритетно прашање за време на претседавањето на Словачка. Словачка секогаш била поддржувач на политиката за проширување на ЕУ. Ова беше потврдено и пред неколку дена во дебатата која ја имавме во Европскиот парламент со министерот за надворешна работи на Словачка, г.Лајчак. Се надевам дека Словачкото претседавање ќе работи активно на материјалите за земјите-кандидати или потенцијални кандидати. На, претседавачите треба да го искористат моментот и да притиснат кон отворање на поглавја со Србија но и да затворат поглавја со Црна Гора. Претседавачите треба да работат на тоа и земјите да продолжат со интегративниот процес. Генерално, мислам дека Словачкото претседавање со Унијата има волја да притисне за агендата за проширување и земјите од регионот треба да го искористат тоа и да се вратат на вистинскиот пат.

НОВА: Каква е состојбата со проширувањето после Брегзит?

Кукан: Во моментов се уште е тешко да се направат проценки за последиците од Брегзит со целата своја комплексност. Според мене, оваа ситуација не е добра вест но треба да ја почитуваме. Земјите од регионот на Западен Балкан ќе загубат голем поддржувач на проширувањето и Унијата ќе мора да распредели дел од својата енергија и ресурсите во преговорите со Велика Британија. Во исто време, ЕУ е доволно силна да го продолжи процесот на проширување. Сепак тоа исто значи дека земјите во процесот ќе мора да бидат поодлучни на патот кон интеграцијата.

НОВА: Поради политичката криза, Македонија загуби дел од ИПА фондовите? Како може Словачка за време на претседавањето со Унијата да и помогне на Македонија да го врати назад овој важен финансиски инструмент?

Кукан; Мислам дека во овој случај прашањето треба да биде обратно поставено. Што може Македонија да направи за да ги врати ИПА-фондовите? Впрочем Македонија можеби и загуби дел од тие средства како последица на нивната злоупотреба. Затоа е важно властите да дадат сигурност дека соодветно и транспарентно се употребуваат средствата и дека има контрола врз тоа трошење. За ова да функционира, клучно е да се има стабилна политичка средина во Македонија.

НОВА: Како може Европската народна партија (ЕПП) да и помогне на сестринската да се изнајде начин за излез од кризата?

Кукан: ЕПП беше заинтересирана да им помогне на политичарите да најдат решение за излез од политичката криза. Бевме заангажирани на самиот почеток на процесот, при помагањето да се забрзаат преговорите помеѓу политичките партии на Македонија до потпишувањето на Договорот од Пржино минатата година. Нашата улога е да им помогнеме на нашите политички партнери да најдеме решение кое ќе и помогне на земјата да излезе од кризата.

НОВА: Вашиот коментар за улогата на комесарот Хан со оглед на тоа што Германците ја презедоа одговорноста врз Македонија со тоа што назначија специјален претставник?

Кукан: Јас сигурно немам впечаток дека било која земја презема одговорност на Македонија. Ја разбирам волјата на Германија да има специјален претставник во земјата, но не верувам дека ова на било кој начин би можело да влијае на улогата на комесарот Хан или другите институции на ЕУ и на нивните односни со Македонија. Всушност, сите имаме иста цел – да и помогнеме на земјата да ја надмине политичката криза и да ја вратиме на агендата за интеграција. Од друга страна мислам дека политичарите во Македонија не смеат повеќе да губат време и треба да работат на решение за кризата.

НОВА: Неодамна се сретнавте со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Која беше вашата порака како пратеник на ЕПП?

Кукан: Немам коментар.

НОВА: Во Македонија се одвива дебата за иднината на ВМРО-ДПМНЕ која е ранета од многу скандали. Дали вие како член на ЕПП сметате дека Груевски треба да се повлече од челото на партијата.

Кукан: Немам коментар

ИПА фондови Пржино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.