Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кулибанова, Танеска и Дерала: Циркуларната економија не подразбира само бизнис и профит

0
By Соња Крамарска on May 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната конференција. Фото: ЦИВИЛ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога зборуваме за економија, ние имаме линеарна економија. Но, како општество треба да стремиме кон циркуларна економија. Во светот постои една изрека „Ако во моментот имате ѓубре вие сте богати“, вели потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.

За да бидеме успееме во циркуларната економија треба да видиме каде и во кои области сме успешни. Треба да се искористат ресурсите во земјоделието, на пример обработка на јаболката, текстилната индустрија, додаде Кулибанова.

„Циркуларната економија не подразбира само бизнис. Ние се наоѓаме среде војна во Европа, која ќе ја смени целата безбедносна слика во целиот свет. Регионот треба да се насочи кон циркуларната економија и помалку да ја напушта линеарната економија“, вели претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Дерала додаде дека руската агресија против Украина го промени економскиот тек и забрзано почна да се применува циркуларната економија.

„Во минатото, екологија и економија често се споредуваа во медиумите. Редакциите немаат капацитет и интерес да следат и покриваат теми за екологија или циркуларна економија, бидејќи такви теми не им носат читаност и кликови, односно профит“, вели главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“.

Таа додаде дека медиумите треба да одвојат простор и да имаат поголема заинтересираност за општествени и еколошки теми кои се битни за граѓаните и општеството.

Настанот беше дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

 

конференција Соња Танеска Цивил Циркуларна економија Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.