НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Културниот центар „Иван Михаилов“ бара од амбасадите да ги заштитат од омразата во Македонија

0
By Соња Крамарска on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: Опожарениот клуб „Ванчо Михаилов“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот културен центар „Ванчо Михаилов“, пред малку објави писмо за кое велат дека го испратиле до сите странски амбасадори во Македонија. Во писмото тие поименично го обвинуваат државниот врв претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дипломатијата Османи дека се „најактивни во јавните обвинувања против клубот ‘Ванчо Михаилов’ и дека тоа што го опишувале Михајлов како „хитлерист“ довело до чинот на палењето на влезната врата на нивниот клуб во Битола.

„Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот ‘Иван Михаилов’среде бел ден беше преплавен со бензин и запален. Овој нов чин на заплашување доаѓа по целата злобна кампања против бугарскиот народ во Северна Македонија. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика – и ние Македонските Бугари. Но еве – оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на Кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од Вас – нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин“, пишува претседателот на здружението Ванчо Михајлов, Љубчо Георгиевски.

Во писмото понатаму се обвинува и дека „тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија. Ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес. Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ“.

„Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија? Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани“, се наведува во писмото.

„Ние од клубот ‘Иван Михаилов’ не сме бугарски државјани. Ние сме меѓу стотиците илјади кои се сеќаваат на нивното вистинско потекло и историја. Ќе останеме верни на аманетот на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов. И нема да се плашиме од пироманите што ги праќаат против нас. Ве молиме, господине амбасадоре, како претставник на земја од европското семејство, во кое сакаме да се приклучи нашата татковина, да го заштитите нашиот бугарски народ во Северна Македонија од омразата што ја диктира владата и насилството што таа го роди“, се вели во писмото потпишано од претседателот Љубчо Георгиевски. (Р.Н.)

бугарски културен центар „Ванчо Михаилов“ Љубчо Георгиевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.