Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кумашинот на Рашковски ја регистрирал адвокатската фирма пред 2 месеца

3
By Нова ТВ on September 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејан Костиќ, кумашинот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е дел од адвокатското друштво КВЦ (Костиќ, Велковски и Цветаноска) кое е ангажирано за адвокатски услуги на неколку владини институции. НОВА ТВ открива дека ова адвокатско друштво е формирано пред неполни два месеца, на 27. јули годинава, а по само неколку дена добива повеќе ангажмани од владини институции.

Основачи на Адвокатското друштво КВЦ се Дејан Костиќ, Велимир Велковски и Теодора Цветаноска. Рашковски му е венчан кум на Костиќ, кој претходно бил самостоен адвокат од 2014 се до денот кога станал дел од адвокатското друштво. И Велимир Велковски во изминатите седум години бил самостоен адвокат, а Теодора Цветаноска има 27 години и од јули годинава стана партнер на двајцата адвокати.

НОВА ТВ истражувајќи ја работата на повеќе акционерски друштва чиј основач и сопственик е Владата, а во кои со доаѓањето на новата власт се сменија членовите на Надзорните и Управните одбори, дојде до информација дека освен претставници од Владата, на седниците во овие фирми присуствувале и адвокатите од адвокатското друштво КВЦ.

НОВА ТВ се обрати до повеќе вакви државни институции за појаснување дали е пракса при промена на управувачките органи на седниците да присуствуваат надворешни правни консултанти, добивме одговор дека ова е прв ваков случај и во минатото немало таков пример.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ објави фактури на име на Адвокатското друштво КВЦ, чии адвокати од државни институции добивале различни суми за адвокатски услуги. На пример, за присуство на една конститутивната седница на управниот одбор на „Ј.П. Јасен“ на еден од адвокатите му се платени 10.500 денари.

„Чиста кражба на народни пари, бидејќи воопшто и не постои потреба од присуство на адвокатската канцеларија таму. Уште колку вакви фактури му има исплатено Рашковски на својот кум? Ова е скандал од огромни размери. Доколку и не се ангажира повеќе часови, доволно е секој ден адвокатот Костиќ да поработи по малку и месечно од кумот би добил над 600 000 денари или 10 000 евра. Затоа ли Рашковски крие во која постапка е ангажиран неговиот кум, кој го бирал и колку пари треба да му плати за ангажманот“, изјави неодамна за медиумите Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, од Владата одговорија дека адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ е ангажирана од Владата за регистрација на именуваните функционери во Централниот регистар. Сите други правни работи Владата ги врши преку својот правен сектор со лица вработени во минатите 10 години.

НОВА ТВ побара коментар од Костиќ за неговиот ангажман од страна на Владата, а тој не’ упати одговор да бараме од генералниот секретар, Драги Рашковски. Потоа почна да објаснува како пишува во законот, според кој за адвокатските услуги не мора да се применуваат одредбите на Законот за јавните набавки. Според овој Закон, адвокатските услуги се наплаќаат согласно Адвокатската тарифа и е оставено на субјектите сами да одлучуваат на која адвокатска канцеларија ќе и ја дадат својата доверба.

Костиќ за НОВА ТВ вели дека при изборот на Адвокатското друштво КВЦ од Владата нема никакви законски пречки или судир на интереси и бара од политичките партии да не ја политизираат работата на нивната канцеларија и да не се употребува за дневно – политички цели.

„Имено, заради квалитетот на нашата адвокатска канцеларија ние сме ангажирани да бидеме и адвокати на поранешен директор на АД ЕЛЕМ од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, екс директорот на МЕПСО, поранешниот директор на АД Славија кои се исто така од ВМРО-ДПМНЕ“, пишуваше пред десетина во реакцијата од адвокатското друштво КВЦ кое побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно законските прописи, за промена во Централен регистар процедурата мора да ја спроведе адвокат кој е на листата на овластени регистрациони агенти, така да претпријатијата мора да ангажираат адвокат за оваа правна работа и истото се наплаќа според тарифник.

Од неодамна изборот за вакви адвокатски услуги на повеќе владини институции е новоформираното адвокатско друштво КВЦ каде адвокат е кумашинот на Рашковски – Дејан Костиќ.

 

 

 

адвокатско друштво Велимир Велковски Влада ВМРО-ДПМНЕ Дејан Костиќ Драги Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.