Алжир и Тунис се последни полуфиналисти на Купот на африкански нации (КАН). Алжирските фудбалери беа подобри пеналџии во четврт-финалето против Брегот на Слоновата Коска и серијата удари од белата точка ја добија со 4:3 по нерешените (1:1) по 90. минути.
Популарните „пустински лисици“ ќе играат против Нигерија за место во големото финале.
Последниот меч од четвртфиналната фаза не донесе никаква неизвесност. Тунис со 3:0 го елиминира Мадагаскар и во полуфиналето ќе игра со Сенегал.
Куп на африкански нации 2019
Четврт-финале
Брегот на Слоновата Коска – Алжир 1:1 (на пенали 3:4)
Мадагаскар – Тунис 0:3
Нигерија – Јужна Африка 2:1
Сенегал – Бенин 1:0