Еурофарм Работник конечно ја дочека првата победа во групната фаза во Купот на ЕХФ. Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада Нексе со 29:28 во меч во кој постојано беше во водство за заслужена радост на крајот со навивачите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Најефикасен во натпреварот беше Анте Гаџа од Нексе со девет гола, два повеќе од првиот стрелец кај битолчани, Невен Стјепановиќ. Во вториот меч во групата Б, Хановер и Татабања ремизираа 27:27.
Еурофарм Работник во наредното коло, на 24 март, ќе биде домаќин и на Хановер.
Куп на ЕХФ
Група Б, 4 коло
Еурофарм Работник – Нексе 29:28
Хановер – Татабања 27:27
Табела: Нексе 6 бода, Татабања 5, Хановер 3, Еурофарм Работник 2.