Ракометна Битола слави: Премиерна победа на Еурофарм Работник во ЛШ

„Фармацевтите“ во салата „Боро Чурлевски“ го совладаа фински Рихимаен Кокс со 31:30 (полувреме 17:13) за прва радост во групата Ц по трите тесни порази од Спортинг Лисабон (29:30), од Савехоф (24:25) и од Бидасоа Ирун (25:26). Еурофарм Работник ќе игра на домашен терен и во наредното коло против словачки Татран Прешов на 20 октомври

ЛШ во ракомет: Еурофарм Работник од +5 на полувреме до пораз од Савехоф

Шведскиот тим на крајот славеше со 25:24 во меч од второто коло во групата Ц. Битолчани го имаа последниот напад за израмнување, но Вегар направи чекори и шансата отиде во неврат. Македонскиот суперлигаш беше покус за гол и во неделата на домашен терен во дуелот со Спортинг Лисабон (29:30)

Ждрепка за ЛШ во ракомет: Вардар повторно со Веспрем и со ланскиот првак Монпелје

Покрај унгарскиот и францускиот состав, ривали на „црвено-црните“ во групата Б ќе бидат и Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Порто и Кил. Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник, како единствен дебитант, ќе игра во групата Ц со шведски Савехоф, Татран Прешов од Словачка, фински Кокс, Ирун Бидасоа од Шпанија и Спортинг Лисабон

Куп на ЕХФ: Прва победа на Еурофарм Работник, во Битола падна Нексе

Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада хрватскиот претставник со 29:28 во меч во кој постојано беше во водство за заслужена радост на крајот со навивачите во салата „Боро Чурлевски“. Нареден гостин во Битола ќе биде Хановер на 24 март

Ракометен прелет во Каунас: Еурофарм Работник презимува во Челинџ куп

Битолчани успеаја да се пробијат меѓу најдобрите 16 во натпреварувањето на ЕХФ по денешниот триумф во Литванија против Гранитас Каунас со 29:23 (полувреме 11:10). Ждрепката за ривалот во осминафиналниот двомеч напролет е закажана во вторник во Виена

ЕХФ ждрепка: Лесна за Охрид и Работник, тешка за Металург и Куманово

Охриѓани ќе играат со КРАС Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ, битолчани против Гранитас од Литванија во машкиот Челинџ куп, а во женското издание на натпреварувањето девојките на Металург против Малага, а кумановки со Лублин