Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Купиле станови пред неколку години, а се уште немаат имотни листови

0
By Нова ТВ on May 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните кои купиле станови од зградата градена од градежната фирма „Дан-Мак“, која се наоѓа на улицата „Козле 2“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, се уште немаат имотни листови за својот имот.

Иако уште пред неколку години ги исплатиле средствата за становите и веќе живеат во зградата која е изградена во 2011 година, обвинуваат дека документацијата и имотните листови кои им следуваат за становите,  се уште не можат да ги добијат.

Еден од граѓаните чие семејство купило стан во оваа зграда, кој засега побара да биде анонимен, за НОВА откри дека веќе неколку години тој и неговите соседи се обидувале да издејствуваат да го решат проблемот со градежната компанија, но засега нивните обиди се неуспешни.

„Ние имаме договори во кои се вели дека инвеститорот ќе плаќа пенали доколку не ја добиеме потребната документација, за што имаме основ за тужба. И покрај тоа, никој во зградата нема имотен лист за становите“, вели тој.

Тие претпоставуваат дека причина за кочењето на целата работа, се неподмирени долгови со општината или државата поради кои не може да се обезбеди потребната документација.

НОВА ја контактираше градежната компанија „Дан-Мак“ за случајот, од каде велат дека  граѓаните од таа зграда секој ден биле во нивните канцеларии, и им било објаснето се што се случува со зградата.

„Зошто имале потреба да ви се јават на вас и вие да прашуват, не знам, тоа е нивна работа и не ме интересира. Нема потреба да ви давам информација околу тој објект. Граѓаните се целосно информирани со ситуацијата за објектот. Доколку имаат потреба, треба да дојдат кај нас доколку имаат било какви прашања, ние се ќе им објбасниме, си имаат нотарски договори, имаат адвокат може да се распрашаат“, ни кажа вработената во оваа компанија во телефонски разговор.

Од општината Карпош велат дека за оваа зграда е издадено одобрение за градба на сопственикот на градежната парцела, но не на фирмата „Дан-Мак“ (најверојатно тој е ангажиран од него/нив како инвеститор) и имателот на дозвола за градење има подмирено сé.

„Освен тоа, Општина Карпош, според Законот не прави технички прием на згради, односно нема такви надлежности. Кај нас има предмет за „Дан-Мак“ околу промена на инвеститор, и во врска со тој случај имаме донесено дузина документи и акти. Доколку сопствениците на становите кои имаат проблем сакаат да имаат увид во предметот, слободно може да дојдат во Општина и да го побараат тоа. Инаку проблемот граѓаните мораат да го решат со фирмата „Дан-Мак“ од која ги купиле становите“, велат од општината за НОВА.

Фирмата „Дан-Мак“ неодамна стана актуелна во јавноста откако НОВА објави дека тие купиле една од зградите кои беа дел од градежната афера „ФИКОМ“.

Откако цели осум години стоеше недовршена, зградата „Филип“, која се наоѓа кај поранешната фабрика „Треска“ е купена од фирмата „Дан-Мак“ која ја доизгради и сега ги продава становите. Граѓаните кои преку „ФИКОМ“ дадоа пари да си купат станови во оваа зграда, останаа без пари и без станови.

Според Централниот регистар, фирмата Изградба Инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ има данско потекло и нејзин сопственик е Даниел Норнилд од Данска, додека управител е Енида Норнилд.

Повеќе за оваа сторија на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.