Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курбан Бајрам – празник на жртвата, солидарноста и мирот

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2026 12:59

Денеска, верниците од муслиманска вероисповед го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници, кој ги обединува верниците во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит. Празникот, кој симболизира жртва, вера и помагање на ближниот, традиционално се одбележува со молитви, семејни собири и дарување на оние на кои помошта им е најпотребна. Во домовите се чувствува празнична атмосфера, а пораките за мир, здравје и заедништво остануваат во фокусот на чествувањето.

По повод Курбан Бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, Реис ул Улема, Шаќир Фетаи. На овој голем ден, како што посочува, верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во практика дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

– Ова го потврдува големиот исламски принцип дека нема големи дела без големи жртви и дека доброто се постигнува со жртвување дури и на најмилото што човекот го поседува. Затоа, празникот Курбан бајрам, преку курбанот, гради конструктивна, умерена и мудра личност, посветена на доброто, солидарна, мирољубива и во секој момент внимателна за општото добро – нагласи Фетаи.

Тој, во честитката, вели дека овој празник го прави верникот свесен да ги оттурне од себе омразата, љубомората, агресивноста, потценувањето, дискриминацијата и поделбите.

– Тој симболизира висока свест за Создателот, грижа за здравото семејство, блискост меѓу луѓето, мудрост во постапките, љубов кон блиските, родителите и семејството, зацврстување на меѓучовечките врски, избегнување конфликти меѓу државите и народите, како и ширење мир, толеранција и солидарност за издигнување на поединецот, семејството и општеството во целина. По повод овој голем празник, ја користам оваа пригода, во име на Исламската верска заедница на РСМ и во мое лично име, да упатам најискрени и најсрдечни честитки до сите верници, до нашите семејства, како и до нашите сонародници каде и да живеат. Честит Курбан Бајрам! – истакнува Фетаи во честитката.

Во својата порака, тој го истакна духовното значење на овој празник, кој е поврзан со извршувањето на хаџот и колењето на жртвени животни, опишувајќи го како период на размислување за верата, жртвувањето и посветеноста на Бога.

Фетаху истакна дека Курбан Бајрам промовира вредности како што се солидарност, мир, почит и грижа за сиромашните и семејството, повикувајќи на зајакнување на меѓучовечките врски и избегнување на поделби. Тој посака жртвите и молитвите на верниците да бидат прифатени и тие да го поминат празникот со благосостојба, здравје и хармонија.

Овој празник е познат како празник на жртвата, бидејќи тогаш се принесува животно како жртва за доброто на верата и за корист на луѓето, традиција која останала до ден-денешен. Обичајот го изведуваат сите муслимани кои имаат можност за тоа, веднаш по клањањето на бајрамскиот намаз. Покрај овен, за курбан може да се принесе и овца, коза, крава или камила.

Потоа, месото се дели на три дела, еден дел се задржува за семејството, додека другите два им се делат на сиромашните, на соседите и на роднините, а може да се подели и целиот курбан.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот, и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот на празникот Курбан бајрам, се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Курбан бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам или Рамазан, а со него се поврзува комплетирањето на светиот Куран. Курбан Бајрам го одбележува и завршувањето на аџилакот на аџиите кои одат да се поклонат на светата Ќаба во Мека. Аџилакот е една од петте свети должности на муслиманите.

Курбан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.