Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија

0
By Нова ТВ on October 18, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 18, 2019 08:45

Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат се што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани.

Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција.

Тој додаде дека договорот е ограничен на дел од сириската граница со Турција меѓу градовите Рас ал-Аин (на курдски Кобани) и Тал Абџад.

По состанокот на делегациите на САД и Турција во Анкара, на кој е договорено турската операција „Извор на мирот” на северот на Сирија ќе биде запрена на 120 часа, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека „Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје“, јави агенцијата Анадолија.

-Привременото запирање на операцијата не значи повлекување на нашите војници и нашите сили. Ќе бидеме таму и понатаму, ќе продолжиме да делуваме, рече Чавушоглу, додавајќи дека привременото запирање на операцијата не е примирје, затоа што како што рече, примирје може да се прави само помеѓу две легитимни страни.

– Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ (Единици за народна заштита н.з.), уништување на нивните позиции и тврдини, изјави Чавушоглу пред новинарите.

Тој нагласи дека Турција никогаш нема да влегува во било какви преговори со терористите.

Но и покрај тоа, експлозии на гранати и пукање и денеска се слушаат во областа Рас ел Аин, на североистокот од Сирија.

Британските медиуми јавуваат дека во градот Селјанпајнар одекнувале експлозии од гранати и се слушало пукање од автоматско оружје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара вчера го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, а на состанокот присуствуваше и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џемјс Џефри, по што е одржана и средба на делегациите на двете земји.

Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео вчера допатуваа во официјална посета на Република Турција.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави како што рече, секој напор со цел деескалација на ситуацијата во североисточна Сирија и заштита на цивилите, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Во соопштението се додава дека Гутереш сфаѓќа оти патот до ефикасно решение за кризата во Сирија сè уште е долг.

Турција на 9 октомври ја почна операцијата „Извор на мирот“, само два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја соопшти одлуката за повлекување на американските војници од североистокот на Сирија. Цел на оперцијата, според официјална Анкара, е создавање „тампон зона“ за заштита на турската граница во која може да се вратат сириските бегалци од камповите во Турција.

Воената операција наиде на реакции во светот, при што се бара Турција итно да ги запре воените дејства.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.