Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

0
By Нова ТВ on April 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 27, 2016 14:49

Европската унија е нецелосна без Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.

Отворајќи ја завршната дебата на дводневната подготвителна конференција што се одржуваше во Виена на 25 и 26 април 2016, под името „Поттикнување на процесот на проширување и решавање на билатералните спрови“ во шест земји од Западен Балкан, Курц синоќа вети дека Австрија и натаму „ќе биде силен глас на поддршка на своите пријатели на Западен Балкан“.

Шефот на албанската дипломатија Димитар Бушати нагласи дека билатераланите спорови можат да го забават, па дури и да го запрат процесот на проширување и изрази увереност дека, сепак,  „регионот покажува дека може да го исполни она што е ветено“.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, кој на конфренцијата ги изнесе искуствата и како некогашен министер за надворешни работи на Србија, наведе различни примери за начини и сресдтва, но и пречки во решавањето на билатералните прашања, објаснувајќи дека досегашниот начин на решавање на овие спорови ветува и охрабрува.

Дводневната Конференција беше посветена на иницијативата што ја покрена Европскиот фонд за Балкан, а беше поддржана од Австрија, од Советот за регионална соработка и од францускиот институт Реенер. Целта на иницијативата е да се поттикне процесот на европска интеграција на стопанствата од Југоисточна Европа кои тежнеат кон членство во Европската унија, а првиот успех беше доживена на минатогодишниот самит на Западен Балкан, оддржан во Виена. Тогаш, шефовите на дипломатиите од земјите од регионот се обврзаа писмено, дека „ќе ги решаваат сите отворени билатерални прашања во духот на добрососедството и на определеноста за европските интеграции“.

Годинешниот самит ќе се оддржи на 4 јули во Париз, а предлозите од Конференцијата во Виена ќе бидат составен дел на собирот. Македонија активно партиципира во процесот на регионалната соработка и преку интер-владиното тело Советот за регионална соработка со седиште во Сараево.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.