Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛЕ: Сараево со Велкоски ремизира со Аталанта (Видео)

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/FudbalskiKlubSarajevo
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Сараево креира едно од најголемите изненадувања во вечерта во првите мечеви од второто коло за Лига Европа (ЛЕ). Тимот чиј капитен е Крсте Велкоски ремизира (2:2) против Аталанта во Реџо Емилија и покрај негативата од два гола што го имаше претставникот на БиХ во Италија. Македонскиот интернационалец ги одигра сите 90. минути за „бордо“ тимот.

Изненадувачки резултат, но непријатен, и во продукција на Зрински. Екипата од Мостар дозволи луксуз во финишот на средбата со Валета на домашен терен и во реваншот на Малта ќе патува без предност (1:1).

Спартак ја „испраши“ Спарта, „петарда“ на Олимпија, минималци на Партизан и на Хајдук

Одличен залиха за реваншот обезбеди екипата на Спартак која на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад ја совлада Спарта Прага со 2:0. Партизан во Белград славеше над литвански Тракаи со 1:0, со ист резултат и Хајдук во Сплит го доби дуелот со Славија Софија, а најубедлива победа од клубовите од поранешна Југославија забележа Олимпија која во Љубљана го декласира составот на Крусејдерс од Северна Ирска со 5:1.

Голови немаше во гостинските настапи на Домжале кај Уфа во Русија и на Марибор против Чикура вои Грузија, а негатива во реваншите ќе се обидат да анулираат Раднички Ниш со Макаби Тел Авив (0:2), Осиек против Глазгов Ренџерс (0:1), Рудар од Велење против ФЦСБ (0:2), Дрита против Диделанж (1:2), Сутјеска против Алашкерт (0:1) и Железничар против Аполон (1:2).

Санта Колома во Андора го шокира Валур

Најнеочекуваниот резултат во воведните мечеви од второто коло за ЛЕ го забележа Санта Колома. Аматерите од истоименото село во Андора го шокираа исландски Валур со 1:0 што е нивна трета европска победа во клупската историја. Со идентичен резултат во минатото го совладаа и Макаби Тел Авив (сезона 2007/08) и Банантс од Ерменија (сезона 2014/15).

Победникот од овој двомеч е потенцијален ривал на Шкендија во третото коло доколку тетовци бидат елиминирани од Шериф во реваншот во Молдавија во рамки на квалификациите за Лигата на шампиони.

Лига Европа, 2 квалификациско коло, први мечеви

Уфа (Русија) – Домжале (Словенија) 0:0

Вентспилс (Летонија) – Бордо (Франција) 0:1

Виторул (Романија) – Витесе (Холандија) 2:2

Каират Алмати (Казахстан) – АЗ Алкмар (Холандија) 2:0

Спартакс Јурмала (Летонија) – Ла Фиорита (Сан Марино) 6:0

Тобол (Казахстан) – Пјуник (Ерменија) 2:1

Рудар (Словенија) – ФЦСБ (Романија) 0:2

Балзан (Малта) – Слован Братислава (Словачка) 2:1

Чикура (Грузија) – Марибор (Словенија) 0:0

Хапоел Хаифа (Израел) – Хафнарфјордур (Исланд) 1:1

Торпедо Кутаиси (Грузија) – Викингур (Фарски Острови) 3:0

Диделанж (Луксембург) – Дрита (Косово) 2:1

Лајпциг (Германија) – Хакен (Шведска) 4:0

АПОЕЛ (Кипар) – Флора Талин (Естонија) 5:0

ЦСКА Софија (Бугарија) – Адмира (Австрија) 3:0

Ѓургарден (Шведска) – Мариупол (Украина) 1:1

Хонвед (Унгарија) – Прогрес Нидеркорн (Луксембург) 1:0

Макаби Тел Авив (Израел) – Раднички Ниш (Србија) 2:0

Молде (Норвешка) – Лачи (Албанија) 3:0

Жалгирис (Литванија) – Вадуц (Лихтенштајн) 1:0

Зрински (БиХ) – Валета (Малта) 1:1

Јагјелонија (Полска) – Рио Аве (Португалија) 1:0

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Лех Познањ (Полска) 1:1

Динамо Брест (Белорусија) – Атромитос (Грција) 4:3

ЛАСК Линц (Австрија) – Лилестрем (Норвешка) 4:0

Нордсјиланд (Данска) – АИК Стокхолм (Шведска) 1:0

Б36 (Фарски Острови) – Бешикташ (Турција) 0:2

Санта Колома (Андора) – Валур (Исланд) 1:0

Генк (Белгија) – Фола (Луксембург) 5:0

Горњик Забже (Полска) – Тренчин (Словачка) 0:1

Хајдук (Хрватска) – Славија Софија (Бугарија) 1:0

Олимпија Љубљана (Словенија) – Крусејдерс (Северна Ирска) 5:1

Сутјеска (Црна Гора) – Алашкерт (Ерменија) 0:1

ТНС (Велс) – Линколн (Гибралтар) 2:1

Сент Гален (Швајцарија) – Сарпсборг (Норвешка) 2:1

Аталанта (Италија) – Сараево (БиХ) 2:2

Партизан (Србија) – Тракаи (Литванија) 1:0

Железничар (БиХ) – Аполон (Кипар) 1:2

Абердин (Шкотска) – Барнли (Англија) 1:1

Дандалк (Република Ирска) – АЕК Ларнака (Кипар) 0:0

Хибернијан (Шкотска) – Астерас Триполис (Грција) 3:2

Осиек (Хрватска) – Глазгов Ренџерс (Шкотска) 0:1

Спартак Суботица (Србија) – Спарта Прага (Чешка) 2:0

Дунајска Стреда (Словачка) – Динамо Минск (Белорусија) 1:3

Стјарнан (Исланд) – Копенхаген (Данска) 0:2

Севилја (Шпанија) – Ујпешт (Унгарија) 4:0

Аталанта квалификации Крсте Велкоски Лига Европа Сараево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.