Лина Ѓорческа, сепак, не успеа до второто квалификациско коло за вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос. Холанѓанката Кирине Лемон на крајот славеше со 2:1 во сетови и договори дуел со Каи Ченг Чанг од Кинески Тајпеј.
Македонкиот рекет број еден одлично го почна премиерниот настап за Отвореното тениско првенство на Франција. Со 6:3 го освои првиот сет меѓутоа со идентичен резултат ги загуби наредните два и по час и 41 минута игра беше принудена да ѝ подаде рака на Лемон.
За Ѓорческа, 171 на светската ранг листа, ова беше трето учество во квалификации за гренслем турнир. Идентично како во сега во Париз мина и во Њујорк на Ју-Ес опен лани, а во најдобар резултат засега забележа во Мелбурн во јануари оваа година кога совлада две пречки пред да биде запрена во финалето за главниот турнир.