Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квотите за извоз на челични производи во ЕУ ќе ја погодат индустријата, но нема отпуштања

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 21, 2019 14:08

Домашните компании од преработувачката метална инудстрија, но и сите поврзани компании во синџирот ќе претрпат штети од воведувањето на квоти за увоз во ЕУ што треба да се применуваат од почетокот на наредниот месец. Директните штети на производствените капацитети ги проценуваат на 150 милиони евра, но уверуваат дека фабриките ќе продолжат со работа и дека нема да има отпуштање на вработени. Очекуваат и државата да понуди некакви мерки за ублажување на ситуацијата, иако сметаат дека нема многу механизми на располагање.

– Мерките ја погодуваат целата челична индустрија.Таква ситуација сме немале од поодамна. Тоа значи дека сите челични производи, со исклучок на бетонското железо од „Дојран стил“, се погодени со овие ограничувања -цевките и профилите, топловаланите и ладноваланите лимови, поцинкуваните лимови. И сето тоа кај оваа индустриска структура внесува голема ззгриженост бидејќи по една добра година како 2018 кога првпат почувствуваме стабилизирање на пазарот и малку понормални пазарни текови повоторно ќе се соочиме со ограничувања што оваа ситуација ќе ја направат прилично неизвесна во наредните три години, рече Митко Кочовски претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека она што е проблем е што се земени предвид годините 2015, 2016 и 2017 година, кога празарните прилики биле поприлично неповолни, а не 2018 година која беше поповолна за оваа индустрија.

Појасни дека загубите во делот на извозот на цевки и профили ќе биде 45 милиони евра годишно или 135 милиони евра за трите години. Дополнителен проблем, како што рече, ќе биде и влијанието од антидампшките истраги што се водат против трите производители во земјата и кои треба да завршат до средината на годинава.

Кај топловаланите производи од „Макстил“, пак, како што посочи, загубите ќе бидат 25 милиони евра годишно.

Ваквото ограничување, вели Кочовски, ќе има влијание на сите индустрии што се поврзани со нивното работење, односно сите снабдувачи на суровини, материјали, услуги транспротни услуги, енергетика и се дурго во ланецот на снабдување.

– Нема да престане животот и не сакаме да создаваме некаква нервоза, но дека ќе има реперкусии на вкупните економски показатели  ќе има. Кај оваа групација тоа посебно ќе биде изразено, ќе се рефлектира на нивните развојни планови, на динамиката на индустриското производство, трошоците на работење и ќе треба со вакви проблеми да живееме во наредните три години, рече Кочовски,  кој додаде дека единствениот пазар е Европа, каде се пласира над 60 отсто од производството.

Тој потенцира дека имале добра соработка со Секретаријатот зе европски прашња, и дека државата и тие сами се вложиле, но оти ставот бил дека нема исклучок за ниту една земја во однос на воведените квоти.

– Овие мерки важат за сите земји и не успеавме да обезбедиме исклучок. Инаку нашето барање преку ова здружение беше да се определи национална квота за Македонија за сите овие производи и количините да се определат на некој период од пред 2018 година кога имавме норамлана продажба за да може оваа индустрија во вака подобрени пазарни околности да функционира, рече Кочовски.

Посочува дека државата може да предложи мерки за да се ублажи влијанието, но оти во основа проблемот не може да се реши со владини мерки.

-Кога индустријата е погодена со вакви состојби од надвор, државата може да предложи арсенал мерки за да се ублажи состојбата. Што е она што и стои на располагање на држвата се познати во светот, но во основа проблемот не може да се реши со владини мерки, затоа што проблемот е од надвор, наведува Кочовски.

Мерката за ограничување на увозот на челични производи во ЕУ за наредните три години беа соопштени на 15 јануари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.