Управата на Хановер го исклучи греењето и дозволува само ладни тушеви за станарите на сите јавни станбени објекти. Тоа е првиот голем град кој го оневозможи пристапот до топла вода, откако Русија драстично ги намали испораките на гас за Германија.

На Германците им е кажано да очекуваат радикални мерки за намалување на потрошувачката на гас, како и поскапи сметки за енергија, пренесува „Би-Би-Си“. Членките на Европската Унија (ЕУ) во меѓувреме се договорија дека ќе ја намалат потрошувачката на руски гас з 15 отсто во претстојната зима.

Во очајнички обид да ја намалат потрошувачката на енергија, управата на германскиот град Хановер одлучи дека топлата вода повеќе нема да биде достапна за миење раце во градските згради, како ниту во тушевите, на базените, во теретните и во спортските сали.

Исто така, почнаа со исклучување на градските фонтани и објавија дека во текот на ноќта ќе бидат изгаснати светлата на поважните згради во градот, како Градскиот совет и разни музеи.

Градоначалникот на Хановер, Белит Онај рече дека градот презема радикални мерки за да ја намали потрошувачката на гас за 15 отсто.