Лидерот на парламентарната група Популарно единство, Панајотис Лафазанис, денеска го врати мандатот за состав на нова Влада во Грција, јави БТА. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска треба да го почне процесот за одржување втори предвремени избори во Грција годинава.
Лафазанис пред неколку дена доби мандат од претседателот на Грција, за формирање на коалициска влада.
Павлопулос го информираше дека мандатот трае три дена и завршува во четврток на 27 август.
Лафазанис, пак, изјави дека ќе го употреби мандатот за да покаже дека на земјата и треба анти-меморандумска влада.
По заминувањето од кабинетот на претседателот, Лафазанис остро ја напрадна Владата на Ципрас велејќи дека прибегнување кон избори по итна процедура е показател за екстремен анти-демократски став.




