https://www.youtube.com/watch?v=sks3TaT2DRA

Најмалку две лица се убиени, а 24 се ранети во вооружен напад на на концерт на отворено во Лас Вегас.

Според извештаите на очевидци, вооружен напаѓач пукал кон присутните на концерт на кантри музика во хотелот Мандалај Беј.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е застрелан.

Дел од областа се затворени, додека полиција го обезбедува местото на настанот.

Засега нема извештаи дека имало повеќе од еден напаѓач. Полицијата со часови го бркаше.

На видеата постирани на социјалните мрежи прикажуваат стотици луѓе кои бегаат од местото на настанот, додека се уште се слуша звук на автоматско оружје.

Нападот се случил се случил околу 22:30 часот. Портпаролот на болницата за американските медиуми изјавил дека најмалку 20 лица биле примени со повреди од оружје.