Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавина реакции за Универзална: Уривање или реконструкција на еден од белезите на Скопје?

0
By Нова ТВ on July 29, 2020 ВЕСТИ
Фото: telma.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конкурсот за изготвување на проект за парк и летна сцена што го објави Град Скопје предизвикува лавина на реакции во јавноста која препозна рушење на Универзалната сала. Глас дигнаа партии, организации, институции, јавни личности, но најсилниот е на граѓаните и засега е лимитиран само на социјалните мрежи и без конкретна иницијатива иста или слична на онаа за гушкање и спас на ГТЦ. Универзалната сала, несомнено, е еден од белезите на македонската престолнина и буди купишта на емоции кај многу генерации. Меѓутоа е на праг да се исчезне од градското лице.

Градоначалникот Петре Шилегов, во обид да го амортизира незадоволството по, веројатно, реакциите во јавноста, вели дека нема донесена одлука за рушење на Универзална на што логично се надоврзува прашањето зошто тогаш се распишува конкурс за реализација на проект на тоа место.

Со реакција во врска со судбината на Универзална сала се јавија и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Ја истакнаа во форма на пост на Фејсбук во кој нагласуваат дека се против рушење, опција на која се сложиле само поради информациите што ги добиле дека Град Скопје немал средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект. Во тој контекст предложиле и локација во близина на СЦ „Борис Трајковски“ за изградба на нова концертна сала.

„Наш став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека нема средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма“, велат од ААМ.

Од Асоцијацијата на архитекти нагласуваат дека Универзална сала веќе 5 години е во многу лоша состојба и иако се наоѓа на значаен јавен простор во центарот на градот, не се користат ресурсите на местото.

„Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање“, информираат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

„Скопје се сеќава, Скопје не заборава“ е порака што се упатува секоја година на 26 јули, денот на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Годинешното одбележување беше пред три дена (во неделата) кога голем број на делегации положија цвеќе на споменикот на жртвите од природната непогода пред 57 години.

Меѓу нив беше и делегација на Град Скопје предводена од Шилегов кој од Бутел изјави дека „Скопје мора да го сакаме, бидејќи е наша голема заедничка куќа“. Притоа најави и обврска за враќање на имињата на улиците на градови и држави кои помогнаа за повторно издигнување на градот од пепелта. И ден потоа јавноста во шок по веста од градската власт.

Неколку заложби, ветувања и најави за реконструкција на Универзална сала имаше досега, но ниту една не беше реализирана. Нефункционална е од 2015 година, запуштена е, зафати се несомнено неопходни, но основната дилема е дали се исцрпени сите опции, па како единствена преостанува рушењето.

Изградена во знак на солидарноста по земјотресот – во употреба од 1966 година

Универзалната сала официјално беше пуштена во употреба на 10 јануари во 1966 година, како резултат на светската солидарност и помош, по катастрофалниот земјотрес во Скопје со изведба на драмската претстава „Виктор или деца на власта“ во изведба на „Атеље 212“ од Белград. Шест дена подоцна се одржа и голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински. Оттогаш се одржаа над 5.700 манифестации на кои присуствувале над 8,5 милиони посетители.

Илјадници и илјадници поклоници на добрата забава, пола век го минуваа прагот на Универзална сала која во 2014 година беше преименувана во Конгресен центар „Александар Македонски“. Отсекогаш била центар на сите важни случувања во Скопје – од фестивали и разноразни манифестации до концерти на нашите омилени пејачи и групи.

Нема човек кој барем еднаш не ја почувствувал атмосферата во оваа мала магична сала со која генерации и генерации растеа преку фестивалите на „Златно славејче“ и „Поточиња“, „Скопје фест“, „Златна буба мара на популарноста“, спортски настани, „Глумците пеат“, „12-те величенствени“ и многу други кои ја забавуваа публиката.

Многу песни се испеани и многу награди се доделени во овој објект. Редовни гости беа македонските пејачи и групи, нивни колеги од поранешните југословенски простори како Леб и сол, Архангел, Бајага, Парни Ваљак, Рибја Чорба, Бело дугме и други како и Лепа Брена, Неда Украден, Мишо Ковач, Оливер Драгоевиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, но беше домаќин и на незаборавен концерт на светската музичка легенда Брајан Фери.

 

Во Универзална сала редовно се одржуваше и престижниот скопски Џез фестивал кој донесе низа врвни музички имиња како величествените Cesária Évora, Ray Charles, Tito Puente, Youssou N’dour, Мариса Монте, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Social Club и многу други. Низ годините беше мултифункционален објект со амбиент за сите музички жанрови, но и содржини.

Во неа се организираа и избори за „Мис на Македонија“, малкумина можеби се сеќаваат и на Европското првенство во куглање во 2000 година и на професионален боксерски натпревар во 2001 година меѓу Тони Насковски и Стефан Барт.

Скопје веќе подолг период е без концертна сала, па како опции за концерти во главниот град служат СЦ „Борис Трајковски“ и стадионот. Објектот на Скопски саем кој служеше за забави и гостувања на музички артисти е во фаза на комерцијализација, а пред згаснување се наоѓа и Универзална сала за чие реновирање, според некои пресметки од минатото, се потребни околу 15 до 17 милиони евра.

Град Скопје Петре Шилегов Рушење Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.