Најмалку двајца луѓе настрадаа во денешната голема снежна лавина на француските Алпи.
Француските спасувачки служби итно испратија хеликоптер за да извлечат уште неколкумина скијачи за кои се смета дека се заробени на висина од 2.100 метри. Според проценките на службите, најмалку деветмина се заробени на Тиње.
Спасителите досега пронашле тела на тројца замрзнати скијачи. На почетокот мислеле дека сите тројца се мртви, но подоцна е востановено дека едниот е се уште жив. Тој се наоѓа во многу тешка состојба и со хеликоптер е пренесен во болница, јавуваат француските медиуми.
Она што на сапсувачите им ја отежнува работата е фактот што големата лавина поттикнала и серија помали лавини, поради што е комплицирано да се пронајдат затрупаните скијачи, имајќи предвид дека снегот постојано се таложи.





