Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска му порача на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон не го почитува ветувањето дека испораките на храна од Русија ќе бидат ослободени од санкции.

Руското Министерство за надворешни работи наведува и дека во денешниот телефонски разговор Лавров му рекол на Блинкен дека Русија ќе ги постигне сите цели од својата „специјална воена операција“ во Украина и дека испораката на оружје од Запад само ќе го продолжи конфликтот.