Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на почетокот на средбата со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека американските напади во Сирија се кршење на меѓународното право и дека никако не смеат да се повторат.
Москва има многу прашања за неодамнешните изјави на САД за билатералните и меѓународните проблеми, изјави Лавров.
-Нам од друга страна, ни е важно да го сфатиме овој ваш став, вистинските намери на вашата администрација, рече Лавров.
Тилерсон на состанокот порачал дека линијата на комуникација на САд и Русија секогаш ќе останат отворени, оценувајќи дека денешниот состанок се одржува во важен момент.
-Сакаме да ги прецизираме областите во кои постојат остри разлики во ставовите за да сфатиме зошто тие постојат и какви се шансите за намалување на разликите, изјави Тилерсон.




