Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров: Ние би посредувале во Украина, но никој тоа не го побарал од нас

0
By Нова ТВ on January 22, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2014 16:45

Москва е подготвена да биде посредник помеѓу спротивставените страни во Украина, но доколку тоа биде побарано од нас, а никој досега тоа не го побарал, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на прес-конференцијтаа за резултатите од 2013 година, јавува Руска реч на македонски

Основните моменти од неговиот настап се однесуваат на фокусот на Русија во светот.

За сириската криза

Сергеј Лавров потврди дека Русија ќе земе учество во конференцијата Женева-2 и ќе ја протажира својата линија за воспоставување на меѓусириски дијалог. „Ќе одиме на женевската конференција… и ќе ја протажираме нашата линија за отпочнување на директен дијалог меѓу сириските страни без никакви претходни условувања“, рече тој.

Министерот е убеден дека од заеднички интерес е да се направи меѓусирискиот дијалог да биде инклузивен, „зашто националната коалиција е само дел од сириската опозиција“, а освен неа постојат и опозиционери кои делуваат и во самата Сирија.

За односите со САД

Продуктивната интеракција меѓу Русија и САД во врска со низа клучни насоки во светската политика го потврди значајниот потенцијал на билатералните односи, изјави Лавров. „Од своја страна ние сме отворени за градење партнерство со толкав степен на интензитет, со колкав ќе биде подготвен Вашингтон земајќи ги предвид заемните интереси, рамноправноста и немешањето во внатрешните работи“, рече шефот на дипломатијата.

Министерот додаде дека во односите меѓу Русија и САД постојат определени нешта кои предизвикуваат несогласувања, вклучувајќи го поставувањето на глобалниот ПРО и обидот за екстериторијална примена на американското законодавство во однос на руските граѓани и компании.

За иранскиот нуклеарен проблем

Успехот во регулирањето на иранскиот нуклеарен проблем не е гарантиран, но сепак Русија и партнерите ќе продолжат да бараат решение кое ќе обезбеди регионална безбедност, меѓу другото и безбедност на Израел, изјави Лавров. „Заедно со партнерите од групата 5+1 и со иранските колеги ќе продолжиме да бараме конечно сеопфатно решение кое ќе ги содржи суверените права на Иран за развој на мирна нуклеарна програма под контрола на

Меѓународната агенција за атомска енергија и безбедност на сите земји во регионот, вклучувајќи го и Израел“, изјави тој.

За ситуацијата во Украина

Москва е подготвена да биде посредник помеѓу спротивставените страни во Украина, но доколку тоа биде побарано од нас, а никој досега тоа не го побарал, изјави шефот на дипломатијата.

„Уверени сме во тоа дека внатрешните проблеми на која било држава, вклучително и на Украина, треба да се решава со помош на дијалог во уставни и правни рамки без надворешни влијанија“, рече рускиот министер.

За нуклеарната програма на КНДР

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека отпочнувањето на шестстраните преговори за КНДР е можно во рамките на работната група, на чие чело е Русија.

Во рамките на шестостраните преговори (за севернокорејскиот проблем), кога тие сè уште активно се одвиваа, беа создадени неколку работни групи. Русија претседава со работната група за разработка на принципите на мир и безбедност во североисточна Азија“, забележа рускиот министер на вчерашната прес-конференција. Лавров не исклучува дека сега можеби треба „да се искористи постоењето на оваа група за да се започне дискусија и за да почне процесот на зацврстување на довербата“.

Ова се наши размислувања кои ги споделуваме со нашите партнери од шестостраните преговори со надеж за нивно скоро обновување“, подвлече шефот на руската дипломатија.
Тој, исто така, додаде дека за Русија „е неприфатлива појавата на нови воени нуклеарни држави“.

За односите со Јапонија

Првиот круг консултации за проблемот за мирен договор помеѓу Руската Федерација и Јапонија ќе се одржи во Токио за неколку недели, соопшти Лавров.
„По неколку недели во Токио треба да се одржи првиот круг консултации, на кои, со согласност од двете страни, ќе бидат разгледани историските аспекти на овој проблем. Ова е најважна појдовна точка за која било предметна дискусија“, изјави Лавров на прес-конференцијата.

Тој подвлече дека признавањето на резултатите од Втората светска војна, кои се содржани во Уставот на ООН, претставува прв чекор кон придвижувањето на регулирањето, кое треба да биде прифатливо за двете страни. „Ние сме подготвени вредно и трпеливо да се движиме по тој пат“, додаде Лавров.

За безвизниот режим со Латинска Америка

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е уверен дека во блиска иднина државите од целата територија на Латинска Америка и на Карипскиот базен (СЕЛАК) може да ги укинат визите за руските граѓани.

„Сигурен сум дека во блиска иднина целата територија на СЕЛАК може да стане сосема слободна зона за патување на руските граѓани“, изјави тој на прес-конференцијата.
Лавров потсети дека неодамна Русија ја заврши процедурата за стапување на сила на договорот со Парагвај за безвизен режим. Ова е веќе единаесетта земја од овој регион, со кој Русија има безвизен режим, додаде тој, објави Руска реч на македонски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.