Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера вечер полета за Пекинг. Се смести во авион меѓутоа, како што дознава германски „Билд“, некаде на пола пат, над Сибир, леталото го промени курсот и се врати на московскиот аеродром.
„Билд“ додава дека авионот со Лавров прелетал околу 2.800 километри пред да направи да го промени правецот и се врати на почетниот аеродром.
Германскиот медиум пишува оти е нејасно што се случило и се прашува „дали можеби Пекинг одбил да го прими „лажливиот“ Лавров?
„Дали е неизбежна нова ескалација на судирот од страна на Русија? – Што значи откажување на патот кон Кина за војната во Украина и за ситуацијата во Кремљ?“, се прашува „Билд“ и додава дека, според американски разузнувачки извештаи, Москва побарала и финансиска и воена помош од Кина, иако и двете земји демантираат такво нешто.




