Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД преземаат “агресивни чекори” што претставуваат заканува за националната безбедност на Русија. “Ние сме сведоци на фундаментална промена на околностите и оти станува збор за агресивната русофобија која сега се наоѓа во срцето на политиката на САД кон Русија”, изјави Лавров за руската државна телевизија.
“Тоа не е само реторичка русофобија, туку агресивни чекори што навистина претставуваат закана за нашата безбедност”, додаде Лавров. Интервјуто е објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи каде како закани се наведени зголеменото американско воено присуство долж границите на Русија, распоредувањето на ракетниот штит во Источна Европа и санкциите кон Москва за активностите во Украина.




