Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на Советот за безбедност на ОН предупреди дека самопрогласената Исламска држава поседувала компоненти за производство на оружје за масовно уништување.
Покрај ова предупредување, тој наведе дека групата што се залага за воведување на калифат во Ирак и Сирија треба да биде ставена на посебната листа терористички организации.
Според него, со т.н Исламски калифат раководел ефикасен и репресивен апарат, со стабилни приходи, биле добро опремени со војска која имала компоненти за производство на оружје за масовно уништување.
Министерите на надворешните држави членки на СБ се состанаа во Њујорк за да разговараат за меѓународната безбедност со фокус врз Блискиот Исток и на Северна Африка.




