Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО веројатно „нема голема разлика“ бидејќи двете земји долго време учествуваа во воените вежби на Алијансата.
„Финска и Шведска, како и други неутрални земји, учествуваат во воените вежби на НАТО со години“, рече Лавров, пренесува Ројтерс.
„НАТО ја зема предвид нивната територија кога планира воен напредок на исток. Значи во оваа смисла веројатно нема многу разлика. Ајде да видиме како нивната територија се користи во пракса во северноатлантската алијанса“, изјави Лавров.