Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски: Две години размислував како да ја обелоденам аферата

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ја откри аферата со прислушувањето од УБК на денешното рочиште за предметот Таргет-Тврдина на СЈО објасни како дошол до информациите за масовното прислушување во перидот од 2006 до 2008 година преку стариот систем Вернит од израелско потекло, набавен во 1998 година.

Како што објасни до просторијата пристап имале само 12 луѓе, од кои 7 на Вернит системот, а 5 од другата страна на параванот каде што работел и тој.

-Режимот на влегување беше регулиран со тоа кој има клуч од просторијата. Јас клучот го барав од мојот претпоставен Небојша Стајковиќ кој ме упатуваше каде е клучот, рече Лазаревски во сведочењето.

Прашан дали имал прилика да знае што се се следи со системот Вернит, Лазаревски рече дека првата година не го погледнувал системот, но потоа добил индикации дека самоконтролата кај колегите е пропуштена и сакал да види како да дознае што има во системот, бидејќи се наоѓал во иста канцеларија и успеал во тоа.

Кога дознал дека се врши нелегално прислушување, Ѓорѓи Лазаревски се поврзал со системот за прислушување со мрежен кабел и за пет минути ги ископирал логовите. Односно како што појасни, имал на увид дека имињата на операторите кои прислушувале се поклопувале со иницијалите на високи функционери во УБК како Горан Грујевски и Никола Бошковски и оператор директор.

-Овие оператори беа концентрирани кон таргети за кои јас сметав дека нелегално се прислушуваат, а останатите оператори ги слушаа оние кои беа легални. Имаше броеви на јавни личности, политичари од опозицијата и запомнив дека има број на министер за кој потоа дознав дека тоа е Миле Јанакиески. Со тие сознанија размислував што да правам. Со тоа живеев две години, без да преземам нешто бидејќи знаев дека и јавно да излезам нема да можам да докажам, рече Лазаревски.

На прашање од СЈО, кој го вршел прислушувањето, Лазаревски, рече оти нема сомнеж дека е направено во рамки на системот „Вернит“, како и дека сите таргети биле од маркирачи вработени во МВР.

– Сите иницијали во логовите ми беа познати бидејќи се поклопуваат со вработените, освен за корисникот „директор“, рече Лазаревски.

Одговарајќи на прашање од СЈО за задачите и пристапот на маркирачите и репродуцерите, Лазаревски  рече дека во 2008 година маркирачи биле Марјан Јанкуловски, Ивановски Златко и Снежана Близнаковска, а после неговата смена дошле уште двајца маркирачи.

– Од 2012 до 2013 година јас ги гледав луѓето кои доаѓаа да маркираат, а од 2006 до 2008 не знам кој маркираше, посочи сведокот.

Тој додаде дека потоа во функција бил ставен новиот систем за прислушување.

-Во еден случаен разговор со колега како анегдота ми раскажа прислушуван разговор на министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески. Разговарале за некаков објект во Битола и Ставрески бил изнервиран од тогашниот премиер Никола Груевски и изговорил дека човекот е за во Демир Хисар, алудирајќи на лудило, рече Лазаревски.

Сведокот појасни дека лицето Сашо Трајковски му кажало за разговор меѓу министри, а кога го прашал колкав е опфатот на прислушувањето, Трајковски му рекол „да се зачудиш“.

Потоа појасни дека му пристапил на колегата Звонко Костовски и отворено го прашал дали се прислушуваат актуелни министри.

– Звонко беше главен во системот и контролор на Сашо. Размислував да му се обратам на Звонко дали е ова точно и дали е волен да ми обезбеди докази без да ми ги дава мене. Реакцијата на Звонко беше дека нема кој не се прислушува. Потоа пак продолжив да живеам со тоа сознание и го замолив Звонко да собира докази кои подоцна ќе се искористат во судска постапка. Знаев дека легално не е можно да се прислушува министер, истакна Лазаревски, кој појасни дека тој немал можност да снима аудио материјали од прислушуваните разговори, па затоа тоа го побарал од Костовски.

Во „Таргет-Тврдина“ освен екс директроот на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Лазаревски сведочење Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.