Жителите на Хаваи биле разбудени од застрашувачки пораки кои ги добиле на нивните мобилни телефони, во кои пишува дека кон островот се приближуваат балистички проектили. Дојавата набрзо се покажа ако лажна.
Властите формално признаа дека ова е грешка и не постојат докази за опасност за населението.
Доколку ракета би била лансирана од Северна Кореја кон Хаваи, на жителите на островот би им биле потребни само 20 минути тоа да забележат. Управата за менаџирање со вонредни состојби го тестирала системот за предупредување на граѓаните. На жителите на Хаваи им било кажано дека најдобро би било да останат внатре и да се сокријат на некое место додека не е безбедно да излезат. Но многу од луѓето кои се на Хаваи се всушност туристи и немаат искуство во подготовка за балистички напади.




