Published: Monday, December 26, 2016 15:07
Руската полиција соопшти дека не е пронајдена бомба на московската железничка станица на која претходно беше спроведена евакуација, пренесува Ројтерс.
Медиумите претходно јавија дека 3.000 луѓе се евакуирани од местото каде се наоѓаат три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека е поставена бомба.




