Зградата на меѓународниот аеродром во Сараево денеска била евакуирана поради сомнителна торба, која била забележана од вработените во аеродромот.

Подоцна службите утврдиле дека дека во неа нема ништо спорно.

Торбата била забележана во близина на местото каде патниците се пријавуваат за лет.

По извршената проверка, утврдено било дека во торбата нема сомнителни предмети и патниците биле вратени во аеродромската зграда.