Published: Wednesday, September 13, 2017 19:35
Повеќе од 20 трговски центри, железнички станици и универзитети се евакуирани во Москва, како последица на предупредувањата за поставени експлозиви.
Засега сите дојави се покажале како лажни и се повикува јавноста да остане смирена.
Изворот на закание е нејасен, но еден државен службеник сугерира дека тие потекнуваат надвор од Русија.
– Експлозивна направа е поставена во зградата. Евакуирајте ги луѓето, повикајте експерти за бомби. Ова не е шега! Дали ме разбирате – ваква е содржината на телефонските дојави.




