Европската служба за надворешни акции откри дека „ЕП“ кој себеси се опишува како „месечник за вести за Европскиот парламент“, не е она што се чини дека е – пренесува европската едиција на Американската новинска агенција „Политико“ која ја следи работата на Европската Унија.
– Со име кое ја содржи една од најважните институции на Европската Унија, 145,000 фанови на Фејсбук и 25 стории во просек на ден, човек може да помисли дека станува збор за сериозен новински сервис кој има влијание врз ЕУ политиките – пишуваат од Европската служба за надворешни акции.
– Повеќе од 99 отсто од сториите кои се појавуваат на ЕП.тудеј се дословни копии од RT.com – еден од главните руски дезинформирачки центри.
Единица 29155: Њујорк Тајмс, во меѓувреме, објавува дека западни безбедносни службеници неодамна откриле дека операции, во кои вклучувајќи ја и кампањата за дестабилизација во Молдавија, пропаднатиот државен удар во Црна Гора и труењето на Сергеј Скрипал во Британија се дел од координирана кампања за дестабилизација на Европа „извршена од елитната единица на Рускиот информативен систем, наречена Единица 29155.




