Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП: Доцна е за Груевски да го оправа спортот во државата

0
By Нова ТВ on September 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2016 11:45

Верувале или не и тоа се случи, обвинетиот од СЈО, поранешниот премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по десет години владеење, сега од позиција на лидер на партија, највува дека ќе го опоравува спортот во државата, велат од Либерално демократската партија.

– На само два месеца пред парламентарните избори, екс премиерот се дрзна да ветува крупни чекори за спас на врвните спортови, oткако прволигашки екипи и спортисти кои постигнуваа значајни резултати на домашни и меѓународни натпреварувања oд незаинтересираност ги втурна во удолница.

Се прашуваме, како сега се сетија на спортот? После милиони евра потрошени на „Скопје 2014“, на лавови и галии, на барокни фасади од стиропор, на врби и панорамски тркала. Или, можеби идејата за овие мерки ја даде младата пливачка која во знак на револт за односот на актуелната влaст кон спортот го преплива Охридското езеро?

Во оваа држава има толку незадоволни млади спортисти што би го препливале и каналот Ламанш!

Но, провидноста на криминалците од власта се огледува и во овие мерки кога помпезно се најавува даночно ослободување на фирмите кои ќе инвестираат во спортските клубови, спортисти, или во спортските федерации и Македонскиот олимписки комитет, од истите тие кои воведоа оданочување на донациите и спонзорствата во спортот.

Дали тоа подразбира дека Груевски сака да си ја “испере“ совеста од лошите резултати во спортот или пак бизнисмените-миленичиња на власта да ги “исперат“ парите преку професионалниот спорт?

Голем е бројот на спортисти и спортски работници кои во еден здив можат да направат паралела меѓу спортот некогаш и сега, но во исто време со жалење да констатираат дека за крахот на македонскиот спорт најголема вина има актуелна власт.

Новата влада, после 11 декември, нема да дозволи спортските работници, наместо да си ја работат својата работа, да бидат присилени да присуствуваат на партиски настани и да аплаудираат на партиски фигури и лидери. Новата влада ќе ја има таа тешка задача да го врати спортот на вистинскиот колосек. Секоја донација и спонзорство во спортот ќе биде ослободена од данок, како и ќе се воведе посебен систем на давачки на спортските обложувалници, кои генерираат огромен профит, со цел дел од парите да ги вратат во спортот.

Воедно, ќе инсистираме новата влада да вложи плански и наменски во спортска инфраструктура, во спортските клубови, во спортските таленти. Младите генерации наместо да се трујат со просечни и потпросечни спортски манифестии, да се радуваат на меѓународните успеси на нашите сограѓани, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.