Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП: Владата, „Македонски шуми“ и Трајановски се одговорни за палмите

0
By Нова ТВ on April 27, 2017 ВЕСТИ
фото: Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата ЛДП бара одговорност за залудно потрошените пари за палмите во Македонија.

Оттаму велат за набавката на 1.100 палми, за кои беа потрошени над 500.000 евра, ако се додадат и трошоците за транспорт, складирање, засадување, третманот за заштита за време на летниот и зимскиот период (туширање, обвививање, набавка на специјално ѓубриво и други препарати и низа други трошоци), севкупните трошоци за палмите достигнуваат до речиси 1.000.000 евра, народни пари.

– Овие палми не беа најавени во никаква предизборна или било каква друга програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Палмите беа платени од Владата, набавени од ЈП “Македонски шуми“, а прифатени од градоначалникот на град Скопје, но и од властите на другите општини. Уште по првиот поглед на палмите се увиде дека се во целосно уништена состојба и дека многу брзо ќе завршат на депонијата Дрисла, како и што се случува деновиве. Палмите почнаа да се сушат уште во првите месеци од нивното засадување, но набрзина беа заменувани со други палми за да се прикрие нелогичноста на проектот, реагира ЛДП.

Оттаму велат на сметка на тоа безмилосно се уништува зеленилото и се прават масовни сечења на дрвата заради недржливата и прекумерна градаба.

ЛДП бара одговорност за склучување на договор за набавка на палмите по нереално високи  цени и без било каква гаранција на рокот за вегетација на овие дрва од страна на увозникот и производителот, што е сосема нормално за ваков вид на договори.

Според партијата ЛДП, одговорноста треба да ја сносат Владата, ЈП “Македонски шуми“ и градоначалникот на град Скопје за овој целосно промашен проект.

ЛДП потсетува дека еден од низата промашени скапи проекти за “озеленување “ на  државата, е и набавката од 250.000 евра на три жални врби, како и милионски суми дадени за пошумување од кое нема никакви видливи резултати.

Влада Коце Трајановски Македонски шуми палми Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.