По болната елиминација од Јанг Бојс во квалификациите за Лигата на шампиони, оваа сезона на меѓународната сцена, сепак, е на прагот да биде историска за Динамо Загреб. „Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа за презимување во УЕФА натпреварување по пауза од 48 години.
По победите над Фенербахче на стартот (4:1) и против Андерлехт (2:0), составот од „Максимир“ славеше и на гостувањето кај Спартак Трнава со 2:1 со пресврт во второто полувреме. Горбани во 32. минута обезбеди водство за чешкиот тим што го поништи Марио Гаврановиќ во 64. минута, а трите бода за Загреб ги „спакува“ Мислав Оршиќ во 77. минута. Аријан Адеми беше стартер кај гостинската екипа и ги одигра сите 90 минути.
Триумф на гости забележа и Види МОЛ на Бобан Николов. Унгарскиот претставник триумфира над ПАОК со 2:0 и ги задржа шансите за европска пролет. Македонскиот репрезентативец почна како резерва и го одигра последните 15. минути на стадионот „Тумба“ во Солун.
Спортинг во Лисабон загуби од Арсенал со 0:1 во дербито на третото коло во групата Е. Стефан Ристовски се најде во почетните 11 кај португалскиот состав, но остана во соблекувална на полувремето. Стрелец на победоносниот гол за „топчиите“ беше Дени Велбек во 78. минута.
Останатите две екипи со македонски репрезентативци освоија по бод во денешните средби од третото коло. Фенербахче ремизира на гостувањето кај Андерлехт (2:2). Елиф Елмас беше стартер за тускиот гигант и на тревникот на „Констант Ванден Сток“ мина 86 минути. АЕК Ларнака и Лудогорец, пак, одиграа 1:1 во Никозија пришто Иван Тричковски одигра цел меч за кипарската екипа.
Лига Европа
Резултати, 3 коло
Група А
АЕК Ларнака – Лудогорец 1:1, Цирих – Баер Леверкузен 3:2
Табела: Цирих 9, Баер Леверкузен 6, АЕК Ларнака 1, Лудогорец 1.
Група Б
Лајпциг – Селтик 2:0, Салцбург – Розенборг 3:0
Табела: Салцбург 9, Лајпциг 6, Селтик 3, Розенборг 0.
Група Ц
Копенхаген – Славија Прага 0:1, Зенит Санкт Петербург – Бордо 2:1
Табела: Зенит Санкт Петербург 7, Славија Прага 6, Копенхаген 4, Бордо 0.
Група Д
Спартак Трнава – Динамо Загреб 1:2, Андерлехт – Фенербахче 2:2
Табела: Динамо Загреб 9, Фенербахче 4, Спартак Трнава 3, Андерлехт 1.
Група Е
Спортинг Лисабон – Арсенал 0:1, Карабаг – Ворскла 0:1
Табела: Арсенал 9, Спортинг Лисабон 6, Ворскла 3, Карабаг 0.
Група Ф
Милан – Бетис 1:2, Дуделанж – Олимпијакос 0:2
Табела: Бетис 7, Милан 6, Олимпијакос 4, Дуделанж 0.
Група Г
Вилјареал – Рапид Виена 5:0, Глазгов Ренџерс – Спартак Москва 0:0
Табела: Глазгов Ренџерс 5, Вилјареал 5, Рапид Виена 3, Спартак Москва 2.
Група Х
Олимпик Марсеј – Лацио 1:3, Ајнтрахт Франкфурт – Аполон 2:0
Табела: Ајнтрахт Франкфурт 9, Лацио 6, Аполон 1, Олимпик Марсеј 1.
Група И
Бешикташ – Генк 2:4, Сарпсборг – Малме 1:1
Табела: Генк 6, Малме 4, Сарпсборг 4, Бешикташ 3.
Група Ј
Севилја – Ахисар 6:0, Стандард Лиеж – Краснодар 2:1
Табела: Краснодар 6, Стандард Лиеж 6, Севилја 6, Ахисар 0.
Група К
Рен – Динамо Киев 1:2, Јаблонец – Астана 1:1
Табела: Астана 5, Динамо Киев 5, Рен 3, Јаблонец 2.
Група Л
ПАОК – Види МОЛ 0:2, Челзи – БАТЕ Борисов 3:1
Табела: Челзи 9, БАТЕ Борисов 3, ПАОК 3, Види МОЛ 3.