Седум клуба обезбедија осминафинале по мечевите од четвртото коло во фудбалската Лига на Европа. Два се англиски (Челзи и Арсенал), два се германски (Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт) и по еден од Италија (Лацио), од Швајцарија (Цирих) и од Хрватска (Динамо Загреб).
Хрватскиот првак се протна низа групната фаза и по 49 години ќе презими во Европа. „Модрите“ подобро се снајдоа во маглата на „Максимир“ и со 3:1 го совладаа Спартак Трнава за потврда на првото место во Д конкуренцијата. Амер Гојак во 22. минута, Кадлес (автогол) во 36. минута и Мислав Оршиќ во 79. минута ја „решетаа“ мрежата на словачкиот ривал чиј почесен погодок беше дело на Вахтанг Чантуришвили во 63. минута. Аријан Адеми беше дел од стартните 11 и одигра цел натпревар.
Цел меч одигра и Елиф Елмас за Фенербахче. Турскиот великан во Истанбул, во рамки на групата Д триуимфира над Андерлехт со 2:0.
Иван Тричковски беше во почетниот состав на АЕК Ларнака и одигра 87 минути во ремито без голови кај Лудогорец. Со овој резултат, кипарскиот и бугарскиот претставник останаа без шанси за место меѓу 16. најдобри со оглед дека Баер Леверкузен славеше над Цирих со 1:0, па германската и швајцарската екипа имаат недостижни седум бода на две кола до крајот на групната фаза.
Голови немаше ниту на „Емирати“ во Лондон каде Арсенал беше домаќин на Спортинг Лисабон. Стефан Ристовски не беше во комбинација кај португалскиот клуб поради повреда.
Од македонските репрезентативци со минутажа во четвртото коло и Бобан Николов кој одигра нешто повеќе од пола час во триумфот на неговиот Види МОЛ над ПАОК, на домашен терен, со 1:0. Со овие три бода, унгарската екипа е втора на табелата со шест бода и шест помалку колку што е разликата со лидерот Челзи, „црно-белите“ од Солун се трети со три бода колку што има и БАТЕ Борисов на последната позиција.
Лига Европа, 4 коло
Група А
Баер Леверкузен – Цирих 1:0
Лудогорец – АЕК Ларнака 0:0
Табела: Баер Леверкузен 9, Цирих 9, Лудогорец 2, АЕК Ларнака 2.
Група Б
Селтик – Лајпциг 2:1
Розенборг – Салцбург 2:5
Табела: Салцбург 12, Лајпциг 6, Селтик 6, Розенборг 0.
Група Ц
Бордо – Зенит Санкт Петербург 1:1
Славија Прага – Копенхаген 0:0
Табела: Зенит Санкт Петербург 8, Славија Прага 7, Копенхаген 5, Бордо 1.
Група Д
Динамо Загреб – Спартак Трнава 3:1
Фенербахче – Андерлехт 2:0
Табела: Динамо Загреб 12, Фенербахче 7, Спартак Трнава 3, Андерлехт 1.
Група Е
Арсенал – Спортинг Лисабон 0:0
Ворскла – Карабаг 0:1
Табела: Арсенал 10, Спортинг Лисабон 7, Ворскла 3, Карабаг 3.
Група Ф
Бетис – Милан 1:1
Олимпијакос – Дуделанж 5:1
Табела: Бетис 8, Милан 7, Олимпијакос 7, Дуделанж 0.
Група Г
Спартак Москва – Глазгов Ренџерс 4:3
Рапид Виена – Вилјареал 0:0
Табела: Вилјареал 6, Спартак Москва 5, Глазгов Ренџерс 5, Рапид Виена 4.
Група Х
Лацио – Олимпик Марсеј 2:1
Аполон – Ајнтрахт Франкфурт 2:3
Табела: Ајнтрахт Франкфурт 12, Лацио 9, Олимпик Марсеј 1, Аполон 1.
Група И
Генк – Бешикташ 1:1
Малме – Сарпсборг 1:1
Табела: Генк 7, Сарпсборг 5, Малме 5, Бешикташ 4.
Група Ј
Краснодар – Стандард Лиеж 2:1
Ахисар – Севилја 2:3
Табела: Краснодар 9, Севилја 9, Стандард Лиеж 6, Ахисар 0.
Група К
Динамо Киев – Рен 3:1
Астана – Јаблонец 2:1
Табела: Астана 8, Динамо Киев 8, Рен 3, Јаблонец 2.
Група Л
БАТЕ Борисов – Челзи 0:1
Види МОЛ – ПАОК 1:0
Табела: Челзи 12, Види МОЛ 6, ПАОК 3, БАТЕ Борисов 3.