Првата жена на францускиот крајно-десничарски Национален фронт, Марин Ле Пен вели Доналд Трамп ја има нејзината поддршка, бидејќи неговата противкандидатка Хилари Клинтон доколку би дошла на власт во САД веднаш би донела и војни.
– Се, само Хилари Клинтон не, тоа е во најголем интерес на Франција, порача Ле Пен во програмата на Си-Ен-Ен.
Според неа, името Хилари Клинтон значи војна, дестабилизација на светот, геостратешки поместувања и глобални судири.
За Трамп пак вели, тие двајца не зависат од системот.
– Нам ни е заедничко што не сме инсајдери, не сме дел од системот, не зависиме од никого и не примаме наредби од финансиските институции, порача Ле Пен.
Марин Ле Пен ќе биде кандидатка за претседател на Франција на изборите во април 2017 година.




