Published: Tuesday, April 25, 2017 12:00
Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен се повлекува од позицијата лидер на Националниот фронт.
Нејзината одлука доаѓа по по резултатите од претседателските избори, по коишто Ле Пен продолжува во вториот изборен круг, заедно со Емануел Макрон, а смета дека вака би била надпартиски определена и би привлекла повеќе гласови на изборите.
Иако според анкетите Макрон е голем фаворит за нов претседател, Ле Пен тврди дека трката може да биде решена во нејзина корист.




