Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лебот, брашното и маслото ќе се продаваат по набавна цена

0
By НОВА ТВ Balaban on March 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 10, 2022 13:13
Само 3 проценти профит на основните прехранбени производи ќе смеат да стават трговците на мало на крајната цена.
Од Министерството за економија велат дека со најновата одлука на Владата, од која се изземени овошјето, зеленчукот, пченицата и солта, ќе се ограничи маржата за лебот, бел и полубел (цел и сечен на парчиња), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица-Тип 400, бел шеќер, трајно кравјо млеко со масленост 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, бело крајво сирење и сирење мешано кравјо и овчо, урда кравја, македонски бел ориз, јајца од кокошка и тестенини (шпагети и макарони од мека и дурум пченица).
Крајната маржа за трговците на големо, за овие производи се ограничува на 4 отсто.
Од Министерството за економија велат дека во договор со стопанските комори три категории на производи, леб, масло за јадење и брашно ќе се продаваат без заработувачка, односно по набавна цена.
Ограничувањето на маржите, според последната одлука на Владата ќе биде на сила до 31 мај.
Дополнително, се воведува целосна забрана за извоз на сончогледово масло за јадење , мерка која е времен карактер. Забраната важи за сите држави.
“330 тони сончогледово масло за само една недела биле извезени од Северна Македонија. Иста ваква мерка може да се воведе и за пченицата, пченката и брашното бидејќи имаме сознанија дека кај некои соседни земји како на пример Грција има интерес за увоз на пченица и брашно”, вели министерот за економија, Крешник Бектеши и додава дека анализите се уште се во тек.
Ќе увезуваме масло за јадење од сите земји во светот, со нула царина 
Според министерот, во вторник се очекува воведување на автономна мерка, дозвола за увоз на сончогледово масло за јадење со нула проценти царина од сите земји во светот, а не како досега, само од земјите членки на ЦЕФТА. Царината за увоз на зејтин од земји надвор од ЦЕФТА сега изнесува 29 отсто.
Фото: НоваТВ
Во однос на овошјето и зеленчукот кои останаа изземени од мерката за ограничување на маржите, Бектеши вели оти тоа се должи на увозот на овие производи од Турција.
“Нашите анализи покажуваат дека се намалуваат фактурите за увоз на овошје и зеленчук што ни ги доставува Цариснската управа. Ова посебно важи за увозот од Турција бидејќи тие го изгубија пласманот на овие продукти во Украина, што не води да веруваме дека цените на овошјето и зеленчукот кои ќе се увезат од Турција за крајниот потрошувач ќе бидат пониски од моменталните цени”, рече Бектеши.
Инаку, Предлог-измените на Законот за ДДВ и на Законот за акцизи, од Владата денеска ги испратила во Собранието.
На 1 март годинава, Владата ги ограничи маржите за основните прехранбени производи на 5 отсто за трговците на големо и 10 проценти за трговците на мало. Во оваа одлука, тогаш беа вклучени и овошјето и зеленчукот.
(Б.Божиновска)

 

 

брашното Лебот масло Министерството за економија набавна цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.