Леброн Џејмс го надмина Коби Брајант и стана најмладиот играч кој стигнал до 30.000 поени во својата НБА кариера во регуларниот дел од сезоната.
За време на синоќешниот натпревар против Сан Антонио Спарс, Леброн требаше да уфрли само 8 поени за да стигне до оваа бројка, а тој постигна 28.
Кливленд Кавалирс сепак загубија од Спарси 114 – 102.
Џејмс стигна до 30.000 поени на 33 години и 24 дена. Коби Брајант претходно до 30.000 поени стигна на 34 години и 104 дена.
Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Мајкл Џордан, Вилт Чемберлен и Дирк Новицки се останатите на кои им успеало да постигнат 30.000 поени минимум.