Норвешкиот Нобелов комитет ја додел Наградата за мир на лекарот од Конго Денис Муквеге и активистката за човековите права на Јазидите Надја Мурад.
Надја Мурад е активист за човекови права од Ирак. Таа беше една од околу 3.000 девојчиња и жени од малцинската група Јазиди кои беа жртви на силување и други злоставувања од припадниците ИД кога терористите навлегоа во поголемите ирачки градови во 2014 година.

Злоупотребите биле систематски и дел од воена стратегија, соопшти Нобеловиот комитет, и служеле како оружје во борбата против Јазидите и други верски малцинства.
Муквеге е светски познат хирург и основач и медицински директор на болницата Панзи во Букаву, Демократска Република Конго (ДРК).
Тој спасил голем број жртви на сексуално насилство во неговата родна земја, каде што неговата болница стана засолниште и светилник на надеж за илјадници жени.
Во неговата болница, жените се третираат од вагинална фистула – што се добива при силување – и исто така ги советува и нуди третмани за психолошките последици од нивните искуства.
-Болеста е полоша од лепрата, изјави тој во едно интервју за Си Ен Ен во 2009 година.
Претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсен, им оддаде почит на двајцата добитници, истакнувајќи дека тие “ја ризикуваат својата лична сигурност, храбро борејќи се против воениот криминал и барајќи правда за жртвите”.





