Условите во кои живеат илјадници мигранти и бегалци на грчките егејски острови, значително се влошиле во последните неколку недели, предупредуваат меѓународните хуманитарни работници и локални претставници.
– Ситуацијата се влошува со секој изминат ден, изјави за ДПА во Атина, шефот на организацијата „Лекари на светот”.
Според официјалните податоци во центрите за обработка на барањата за азил, на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос има 14.500 лица, односно двојно повеќе од капацитетот на камповите.
Гувернерот на северноегејскиот регион, Христина Калогиру за телевизија Скај изјави дека „островите треба да се бидат растоварени“ и дека е можно многу луѓе да треба да бидат префрлени кон копното на Грција пред екот на есента.
Согласно договорот меѓу ЕУ и Турција од 2016 година, Грција ги прифаќа бегалците кои го преминале Егејското Море се додека се обработува нивното барање за азил во ЕУ. Оние, чии апликации биле одбиени, се враќаат во Турција.




