Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарот што го оперирал починатиот Булент доби забрана да работи во други сали

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнително ќе се утврдува и колку пациенти досега биле оперирани во ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“ од кога лекарот Звонко Николовски од ПЗУ “Јанита“ вршел интервенции во изнајмената операциона сала и врз основа на кој документ го правел тоа 

Забрана за вршење дејност заради намање на кадар изрече ДСЗИ на ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“каде што била извршена интервенцијата на 38 годишниот Булент Ибраим кој почина минатата недела во Градската болница“ 8 Септември“. Забрана за вршење на здравствена дејност доби и ПЗУ “Јанита“ заради вршење на здравствена дејност надвор од дадената дозвола од Министерството за здравство, односно за вршење на интервенции во простории кои не се опишани во решението од Mинистерството.

Во ДСЗИ велат дека на носителот на дејност во ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“кој е пензионер му е наложено во рок од 3 дена да ја достави потребната документација.

„Со решение изречена е забрана за вршење на здравствена дејност, заради намање на кадар на носителот на дејност во ординацијата кој по негова изјава е пензионер.  (согласно чл. 60 од Законот за здравствената заштита, здравствената установа може да врши здравствена дејност ако се исполнети условите по однос на простор, опрема и кадар  за вршење на определен вид на здравстаена дејност односно специјалност).

Доставено е писмено барање за доставување на точни и целосни податоци и неопходни за инспекцискиот надзор со кое ќе треба да се утврди од кога носителот на дејност е во пензија, М1/М2 за вработениот кадар, лиценца за работа, дали има доставено известување до МЗ дека ординацијата не работи, како и податоци за тоа на кои здравствени установи , односно здравствени работници се изнајмува просторот (согласно член.28 од Законот за инспекциски надзор).

Доколку субјектот на надзорот не ги обезбеди бараните податоци, согласно чл.63 од ЗИН, на правното лице ке му се изрече глоба од 3000 евра во денарска противвредност, односно од 300-450 евра за физичко лице.

Во однос на ПЗУ Јанита, специјалистичка ординација по општа хирургија, по извршениот вонреден инспекциски надзор исто така изречена е забрана за вршење на здравствена дејност, заради вршење на здравствена дејност надвор од дадената дозвола од Министерството за здравство, односно вршење на интервенции во простории кои не се опишани во решението од Mинистерството“ велат во ДСЗИ.

Сопругата на починатиот Булент за НОВА: Одговорност за неговата смрт мора да има

Од таму потенцираат дека писмено е побарано да достават точни и целосни податоци неопходни за инспекцискиот надзор со што  ќе треба да се утврди  од кога носителот на дејност од ПЗУ „Јанита“ врши интервенции во просториите на специјалистичката ординација по пластична и реконструктивна хирургија на ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“, врз основа на кој документ се врши тоа, како и на колку пациенти до сега е интервенирано во овие простории.

НОВА неофицијално дознава дека докторот кој го оперирал Булент имал поголема листа на интервенции кои ги нудел иако за тоа немал операциона сала.

Останува нејасно, како Министерството за здравство издало дозвола за вршење на овие интервенции кога ПЗУ „Јанита“нема сопствена опарциона сала.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.