Лекарската комора на Македонија денеска го одбележува 5-ти јуни, денот на своето основање. По тој повод во 11 часот обраќање преку видео конференција ќе има Министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на оваа професионална докторска асоцијација со јавни овластувања, Калина Гривчева Старделова.

Ќе биде доделена плакета ,,Свети Наум Охридски“, како и награди за најдобрите студенти по медицина.