Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекувањето на заболените од ковид-19 е комплексен процес, сѐ повеќе млади пациенти со тешка клиничка слика, вели Филипче

0
By НОВА ТВ Balaban on August 31, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поголемиот процент од починатите се повозрасни со хронични болести. Ние од оваа болест видовме помлади починати лица и претходно и тоа е навистина една страшна клиничка слика, со страшни оштетувања на белите дробови коишто најверојатно потекнуваат од тромбози на ниво на најмалите крвни садови на белите дробови, што е во клиничката слика на оваа болест, рече Филипче

Бројките за ефикасност трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против ковид-19. Болниците се, за жал, полни со невакцинирани пациенти кои претставуваат 90 отсто од сите хоспитализирани. За жал, исто така имаме сѐ поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се шири кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побрзо да се вакцинираат – порача денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

За смртноста кај помладите лица од ковид-19, но и за големата смртност од коронавирусот кај пациентите во нашата земја, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е сложен процесот на лекување на заболените од ковид-19, дека младите имаат повеќе контакти, а делта сојот полесно се  пренесува.

– Тие конкретни случаи во однос на помладите починати, на 28 август еден пациент на 24 години на своја одговорност ја напушти болницата во Ресен и, за жал, почина. Тоа се невакцинирани лица. Поголемиот процент од починатите се повозрасни со хронични болести. Ние од оваа болест видовме помлади починати лица и претходно и тоа е навистина една страшна клиничка слика, со страшни оштетувања на белите дробови коишто најверојатно потекнуваат од тромбози на ниво на најмалите крвни садови на белите дробови, што е во клиничката слика на оваа болест, рече Филипче.

Тој нагласи дека матичните лекари работат согласно своето знаење и експертиза, согласно проценката на пациентите дали треба да се упатат на боличко лекување или не. Болничкото лекување, вели Филипче, му е достапно на секого, во кој било временски период.

– Има јасни препораки кога се дава антибиотик, а кога не се дава, тие се во доктрините и матичните лекари имаат искуство во тој дел. Комплексен е процесот на лекување на пациенти заболени од ковид-19, не се однесува на тоа дали се дава антибиотик или не. Проценка на возраста, ризиците, хроничните болести, претходна терапија, состојба со коагулација на крвта и така натаму, нагласи министерот Филипче.
Најголема смртност од ковид-19 во земјата е забележана кај лицата над 60 години, а 73 отсто од нив се лица со хронични болести. Досега од компликации од ковид-19 починаа 5.901 лице. 

 

Венко Филипче помладите лица смртноста тромбози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.