Судиите не се над правдата, во овој манир Обвинителката Ленче Ристоска ,одговарајќи на новинарско прашање, возврати на прес-конференцијата на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџоски кој денеска во јавноста обелодени дека СЈО повикало на распит пет судии од Управниот суд во врска со нивнте пресуди поврзани со жалбите во изборните процеси.

Со нашето работење не се врши притисок врз судството. Ако работат како судии не значи дека се изземени од одговорност, рече Ристоска.

Караџоски одби да коментира дали неизвршувањето на судска пресуда од страна на УБК е, исто така, притисок врз судството. Тој денеска свика прес-конференција за да се пожали од СЈО поради, според него притисоци врз судството, а потоа патриотски порача народот да не грижел, оти тие немале да дозволат да се разединиме.

– Им порачуваме на ЕУ и САД, но и на народот да бидат без грижа ако некој е со намера да не разедини, ние останувамо заедно. СЈО повикало пет судијки. Не може судија да биде гонет за својата судска работа. Недоличното однесување од одредени субјекти кон нас судиите е поткопување на интегритетот на судиите, а во изминатиот период имаше и голем притисок од медиумите кои работеа или се уште работат на одредени судски спорови, рече Караџовски.