Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ленинградските станаа подмосковски вечери

0
By Нова ТВ on June 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2014 14:52

Автор: Михаил Мице Бошковски

Една од неколкуте најпознати руски (порано советски) забавни мелодии секако е „Подмосковски вечери“. Таа се стекнува со интернационална слава, и се уште, како вистински евргрин побудува интерес кај пошироката публика, а и кај изведувачите и оркестрите кои ја негуваат руската забавна песна.

Настанала во средината на педесеттите години кога аворот Василиј Павлович Соловјов – Седој посакал да го опее својот роден град Ленинград (тогаш така се викал, сега е Санкт Петербург). Но немал среќа, бидејќи по наредба на Министерството за култура на тогашниот СССР, песната е преименувана – од „Подленинградски вечери“, во „Подмосковски вечери“.

Преименувањето било потребно за да се искористи песната во наменскиот филм за спортската манифестација позната како „Спартакијада“. Наредбата си е наредба, па авторот на текстот Михаил Матусовски го прилагодил текстот според потребите на Министерството.

Матусовски, инаку е познат руски поет, роден во 1915 г. Дипломира книжевност во Москва. Добитник е на државна награда на СССР во 1977 г. Соработува со најпознатите руски композитори на популарна и филмска музика, а многу често со Василиj Соловјов – Седој, кој по успехот со „Подмосковски вечери“ стекнува интернационална слава.

Седој е роден во Санкт Петербург во 1907 г. во тогашната Руска Империја. Музикалноста ја наследил од својата мајка која била музички надарена. Завршил музички конзерваториум и уште како многу млад почнува да компонира.

Првите државни признанија карактеристични за комунистичкиот период на СССР ги добива во 1943, 1945 (Црвена ѕвезда), од времето на сталинистичкиот период, 1959 (Ленинова награда), 1975 (херој на социјалистичкиот труд), Народен артист и тн.

Во 50-тите интензивно се занимава и со политика. Извршувал високи политички функции. Компонирал музика за преку 50 филмови, музика за 24 драмски и куклени претстави и многу популарни песни. Умира во 1979 г. во Ленинград (сега Санкт Петербург).

Песната „Подмосковски вечери“ е создадена во 1955 г., а следната за прв пат е снимена. Општо е мислењето дека, доколку не ја испеал Владимир Трошин, таа ќе била една обична руска песна како стотици или илјадници други!

Кој е всушност Владимир Трошин? Тој, кратко речено, бил извонредно талентиран актер и пејач кој, кога ќе ги споел двете свои професии, бил незаменлив на сцената.

Роден е во 1926 г. Потекнува од семејство со 11 деца во кое сите пееле. После Втората светска војна кога масовно се барале кадри за драмските уметности успешно ја положил аудицијата и го завршил образованието. Работел 40 години во Московскиот арт театар и остварил 80 улоги.

Играл и во многу филмови како актер и пејач. На филмското платно ги толкувал ликовите на Черчил, Горбачов и други значајни личности на руската историја. Песната „Подмосковски вечери“ ја снимил случајно кога бил во студијата за документарни филмови.

Таму снимал две песни за филмот „Игри на советските народи“, а во соседното студио се снимала песната „Под московски вечери“ за потребите на документарниот филм за „Спартакијадата“. Но од снимањето не биле задоволни авторите Соловјов и Матусовски иако повеќепати го повторувале.

Тогаш, Владимир Трошин, кој веќе ја научил мелодијата од повеќекратното повторување, му пришол на Соловјов и го замолил да му дозволи тој да се обиде да ја сними бидејќи имал чувство дека знае што и недостига на песната. Соловјов со недоверба, но сепак се согласил да го пробаат и тоа.

Тогаш Трошин само го побарал текстот од Матусовски и влегол во студиото и за прекрасно чудо ја снимил од првиот обид. Авторите биле восхитени од изведбата која се „стопила“ со оркестарот во една прекрасна целина со многу чувство, топлина и посакуваната атмосфера. Таа, во тој миг, станала песна за сите времиња.

Во следната 1957 година, песната е изведена на „Фестивалот на студенти и млади“ во Москва и ја освојува првата награда. Од тогаш „Подмосковски вечери“ постојано е присутна на советските радио станици, подоцна и на светските, а Трошин станува популарен пејач, миленик на целата нација, а гостувал и во Јапонија, Израел, Франција, тогашна Југославија и Чехословачка, Романија, Бугарија, САД и други земји.

Кај нас, многу успешно, на руски јазик песната ја пееше и ја сними за продукцијата на ПГП РТБ Зоран Георгиев. А Владимир Трошин доживеа пристојна старост. Умре во 2008 г. на 82-годишна возраст. Во текот на кариерата доби многу признанија и одликувања карактеристични за комунистичкиот период на СССР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.